На 30 октомври 2017 година Горан Трајковски седна во градоначалничката фотеја во Спомен домот АСНОМ во центарот на Делчево.
Кандидатот на СДСМ после два мандати на градоначалници на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски го дoби мандатот откако во првиот круг од локалните избори убедливо го победи противкандидатот Иван Соколов со 995 гласови разлика (5100 наспроти 4105 гласови), како единствени двајца кандидати на избирачкото ливче на 15 октомври 2017 година.
Како Градоначалник само за поединци, партиски послушници и негови обожаватали, кој е затворен за комуникација со своите неистомисленици, особено оние малку по упатените во состојбите, и неможноста да ги судриме аргументите за ефектите од неговата работа платена со парите на граѓаните затоа што Горан Трајковски избегнува било каква јавна дебата, ќе се обидам преку оваа моја лична пишувана анализа да фрлам светло во јавноста со единствена цел низ аргументи за подобрување на состојбите во сите сфери во Делчево во блиска иднина.
Клучното прашање е:
Што добија а што изгубија делчевчани во последните речиси 4 години владеење како градоначалник со Горан Трајковски во Делчево?
Нереализирана предизборна програма односно предизборна програма реализирана помалку од 20%
Во својата предизборна програма Горан Трајковски со која што ја бараше довербата на граѓаните на Делчево меѓу другото вети:
- Дека како градоначалник ќе гради по план.

Ова ветување во голем дел Градоначалникот Горан Трајковски го исполни но само декларативно. Голем дел од тековните проекти на претходниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа во поодмината фаза на реализација со претходно обезбедени финансии, Горан Трајковски ги заврши и ги претставува и ден денес како свои проекти. Така што ветувањето дека ќе гради по план е исполнето, а останува недоречено дека станува збор за план на претходниот градоначалник. Никаде во својата предизборна програма Горан Трајковски ги немаше наведено проектите:
-Реконструкција на ул. Путу Гули,
-Реконструкција на ул. Светозар Марковиќ,
-Реконструкција на дел од Бул. Маршал Тито во централно градско подрачје.
-Реконструкција на уличното осветлување со нови енерегетско ефикасни светилки
-Реконструкција на Бул. Македонија од бензинска пумпа до регионалниот пат кон Пехчево и Берово,
-Реконструкција и проширување на регионалниот пат Делчево- село Бигла-Виница.
Првите три наброени проекти погоре беа во одмината фаза на реализација пред Горан Трајковски да седне во градоначалничката фотелја од страна на администрацијата предводена од претходниот градоначалник со обезбедени пари како ГРАНТ (неповратни сретства) од Светска Банка преку МСИП единицата на Министерството за финансии. На 30 октомври 2017 година реконструкцијата на улицата Путу Гули во населба Милково брдо беше завршена. Беа останати за доизградба бекаткон плочките на тротоарите на улицата; (Повеќе аргументи во прилог на кажаново на https://www.facebook.com/DarkoSehtanski/posts/923039491179377 и https://www.facebook.com/DarkoSehtanski/posts/877993219017338 )
Реконструкцијата на ул. Светозар Марковиќ во централното градско подрачје беше на ниво на земјани работи; реконструкцијата на дел од Булевар Маршал Тито во централното градско подрачје не беше почната поради временските рамки зададени од изведувачот согласно потпишаниот договор за реализација со Претходниот градоначалник. Така што на Горан Трајковски му остануваше само да ги потпише завршните ситуации за изведените градежни работи и да изврши плаќање на парите кои што ги обезбеди администрацијата во мандатот на претходниот градоначалник. (Повеќе аргументи на https://www.facebook.com/DarkoSehtanski/posts/876195155863811)
Реконструкцијата на мрежата за јавно осветлување со нови енергетско-ефикасни светилки е исто така проект планиран од страна на претходниот градоначалник пред Горан Трајковски со обезбедени пари во рамки на проект од Прекугранична соработка со Благоевград од Р. Бугарија во 2016 година со почеток на имплементација во март 2017 година. Голем, дел од светилките во рамки на проектот беа променети според предвиденото во проектот до 30 Октомври 2017 година до седнувањето во градоначалничката фотелја на Горан Трајковски. Негово и со овој проект беше само да ги потпише фактурите и да изврши исплата на парите кои што некој пред него ги беше обезбедил. ( Повеќе аргументи за овој проект на https://www.facebook.com/DarkoSehtanski/posts/872336676249659 )
Така што заклучокот е дека Горан Трајковски градел по планот на претходниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Повеќе за овие проекти наведени погоре на сл. линк тука.
Реконструкцијата на дел од Булеварот Македонија на потегот од бензинската пумпа до клучката со регионалниот пат кон Пехчево, Берово е исто така проект за кој беа обезбедени пари од страна на Јавното претпријатие Македонски патишта уште во Владата на Република МАкедонија додека премиер беше Никола Груевски. Политичката криза која ја предизвика СДСМ во 2016 година се рефлектираше на реализацијата на овој проект, кој се одолговлече цели 2 години, со што новите власти можеа истиот да го имплементираат со обезбедени пари од страна на владата која толку многу ја напаѓаа претходно, секако претставувајки го како свој проект. Штета што рехабилитацијата на коловозната конструкција Горан Трајковски ја претстави како “целосна реконструкција” на Булеварот Македонија, веројатно поради не правење разлика меѓу термините “Рехабилитација” и “Реконструкција” поради незнаење. Штетата е дополнителна што останаа распаднатите бетонски рабници (ивичници) покрај асфалтот на целата делница на рехабилитираниоот коловоз, кои што овозможуваат атмосферска вода да влегува во поголеми количини под новиот асфалт со што се намалува долговечноста на коловозот и се зголемува потребата за негова целосна реконструкција. Горан Трајковски со имплементацијата на овој проект нема ништо заедничко, затоа што истиот не е во негова ингеренција
Реконструкцијата и доградбата на регионалниот пат Делчево-с. Бигла- Виница е проект за кој што исто така беа обезбедени пари од претходната власт предводена од Никола Груевски и исто така поради политичката криза предизвикана од СДСМ се прологираше неговата реализација, за функционерите на СДСМ да может да го претставуваат и овој проект како свој иако нивниот напор во врска со истиот се нивните потписи и потреба од фотографирање на терен. Исто и со овој проект Горан Трајковски нема ништо заедничко, затоа што истиот не е во негова ингеренција
Доколку овие проекти беа на Градоначалникот Горан Трајковски тие ќе беа во неговата програма по што по нивната реализација јавно ќе ги понесеше сите честитки за реализацијата на истите, а вака на затворени партиски трубини, без можност за пренесување на вистината, Горан Трајковски ги претставува како свои огромни достигнувања.
- Исто така Горан Трајковски вети “Чиста вода и чист воздух”.

Колку чиста вода пијат делчевчани и жителите на сите населени места и колку чист воздух дишаат делчевчани под облаците на секоја година запалената градска депонија, за тоа оставам секој нека си изгради свој впечаток затоа што не постојат мерливи параметри со кои би аргументирал.
Крајно време е во Делчево да се постават мерни станици за загадување на амбиенталниот воздух!
Дополнително во овој дел ќе спомнам дека како еден од клучните пректи во програмата на Горан Трајковски е Изградбата на фабрика за вода на брана Лошана со рок на реализација до 2020 година, што е една од неговите поголеми лаги.
- Горан Трајковски вети повеќе пари кај граѓаните

Прагот на сиромаштијата во Делчево е зголемен повеќекратно во последните 4 години со актуелните власти. Процесот на исселување на младите но и повозрасните е особено изразен и истиот во ни најмала мерка не е спречен од страна на Горан Трајковски или надлежните институции, туку напротив драматично е влошен. Горан Трајковски помпезно организираше еден Бизнис форум каде се обиде себеси да се пофали како добар градоначалник, но ваквата соработка со бизнис заедницата многу брзо пропадна и нема ништо конкретно како резултат од ова негово ветување.
- Отворена и услужна општина

Општина Делчево со Горан Трајковски како градоначалник не подобри ништо суштинско во однос на својата структура за комуникација со граѓаните и јавноста. Дури одредени состојби се влошени. Пример Горан Трајковски никогаш во своето речиси 4 годишно владеење не повикал на отворена прес конференција на која граѓани/медиуми/заинтересирани организации ќе можат да му постават одредени суштински прашања од делокругот на неговата работа, туку се крие на еднонасочни пропагандни прес конференции фалејки се себеси, за дел од своите надлежности.
- Визија: “Стоп!! За исселувањето, неспособноста и нестручноста, ДА! за модерно Делчево како општина по мерка на сите граѓани”

Визијата на Горан Трајковски обзнанета во неговата предизборна програма е тотално промашување!
Ниту е запрено исселувањето, ниту е ставен крај на неспособноста и нестручноста, туку баш напротив истите се продлабочени, а Делчево не е општина подеднакво за сите делчевци туку партиска испостава на СДСМ за остварување на нивните политички интереси и интересот на поединци блиски со градоначалникот Горан Трајковски.
- Во однос на СТРАТЕШКИТЕ ОБЛАСТИ од неговата програма

-За децата и младите Горан Трајковски индиректно излажа за стипендирање на врвните постигања на учениците во училишниот спорт, затоа што нивото на развој на училишниот спорт со актуелната власт на државвно ниво е катастрофална, па оттука и нема ни доделување на стипендии за учениците во училишните спортови од страна на Горан Трајковски.
-Рекреација и “Спорт за сите”. Горан Трајковски го исполни делумно ова свое ветување затоа што навистина овозможуваше во рамки на општинскиот буџет поддршка на целата популација за спортски настани. Но тоа е многу малку и би можело во иднина многу повеќе да го прави идниот градоначалник на Длечево.

-Спортска инфраструктура. Горан Трајковски иако вети, не изгради ни едно ново спортско игралиште или терен. Ја реконструираше во делови Спортската сала при ООУ “Ванчо Прќе” и вршеше рехабилитација на делови на постојните спортски терени. Не ја изгради ветената велосипедска патека.
-Развој и унапредување на врвниот спорт. Ветувањето за ослободување од кирија за користење на спортските објекти е исполнето. Ветувањето за задржување на талентираните спортисти во градот пртеку нивно стипендирање не е исполнето.
-Локален економски развој. Во својата предизборна програма Горан Трајковски за ова прашање има потрошено речиси цела страничка НЕПОТРЕБНО. Ветил дека ќе подготви пакет мерки за идни инвеститори- до ден денес тие пакет мерки никој од јавноста ниту ги слушнал ниту ги видел. Ветил искористување на сретствата од ЕУ и ИПА фондовите, и ништо ни од тоа не направил, освен што се фали со тугите претходно подготвени и добиени проекти (проектот за реконструкција на уличното осветлување со енергетско ефикасни светилки посочен погоре). Ветил дека посебен акцент ќе стави на формирање на Јавното приватно партнерство- ни и од тоа нема ништо. Ветил дека сите детални урбанистички планови ќе бидат комплетно усогласени со Генералниот урбанистички план- повторно излажал! Ветил дека посебно внимание ќе посветел на уредување на прифатни депонии за комунален смет-повторно ЛАГА! Проектот за регионална депонија за комунален смет е закочен и не се знае исход за негова реализација во догледно време. Ветувал редовна исплата на субвенции иако тоа не е во негова надлежност. Ветувал техничка помош и подготовка на апликацииза аплицирање во АФПЗР. Ветувал дека ќе даде најголем приоритет на проекти за изградба на акумулации за вода за наводнување, водоснабдителни канали, мини брани и сл…. ЛАГА ДО ЛАГА.
Во делот “Општината за сите нас” Горан Трајковски ветил 18 проекти од кои реализирал само шест проекти и не ги реализирал следните позначајни проекти:
-За децата не обезбедил услови за сопствен паркинг на Детската градинка, не изградил детски забавни паркови и игралишта во Први, Втори и Трети реон,
-За учениците не направи ништо за подобрување на имплементацијата на ИКТ во наставните процеси, не направи ништо за поттикнување на ученичкото здружување и формирање на ученички заедници, не направи ништо за подобрување на хигиената во училиштата,
-За младите не превзема никакви мерки и не ја стави во функција спортската сала во СРЦ Делчево, не изгради ниту една нова пешачка, велосипедска или скејт патека. Има некаква најава за изградба на скејт патека но до моментот кога е пишуван овој текст ова ветување е нереализирано,
-За пензионерите Горан Трајковски не оспособи ниту еден објект во сопственост на општината за пензионерско катче, Одржуваше минимален број на средби со пензионерите, не организираше ниту едно предавање или едукативна работилница за разни заболувања за пензионерите, излажа дека еднаш месечно ќе организира прием за пензионерите во неговиот кабинет, за да дискутира за нивните проблеми.
Од вкупно 16 ветени КЛУЧНИ и КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ во неговата предизборна програма во 2017 година, Горан Трајковски има реализирано целосно само три проекти, а пет проекти се со помалку од 10% реализација додека останатите се само “”љубовно писмо на хартија и пусти желби на еден неспособен градоначалник
Детален преглед за статусот на овие проекти од неговата програма со мое дообјаснување давам во продолжение:


Од МЕСНИТЕ ПРОЕКТИ од вкупно 93 ветени проекти Горан Трајковски има реализирано само 15 проекти. Од овие реализирани15 проекти поголем дел се уредување на селски чешми а само 5 се од поголем обем.
Во продолжение ќе набројам неколку позначајни проекти кои што НЕ СЕ реализирани а се излажани од страна на градоначалникот Горан Трајковски од неговата предизборна програма од делот за Месните проекти.
Горан Трајковски излажа дека
-Ќе го доизгради десниот крак на ул. Раловечка, излажа дека ќе изгради спортско игралиште за кошарка во Први реон
-излажа дека ќе изгради спортско игралиште и детски парк и излажа дека ќе ја смени водоводната мрежа на ул Ванчо Прќе во Втори реон,
-излажа дека ќе изгради детско игралиште на мв Чуката во т.н. Маџир Маало и уште едно детско игралиште во населба Стар Расадник,
-Излажа дека ќе догради атмосферска канализација и дека ќе ја прочисти река Габровчица во Ново Делчево,
-Излажа дека ќе прави реконструкција на водоводна мрежа и дека ќе гради пешачки и пристапни патеки во населба Милково брдо,
-За жителите на село Ѕвегор се чини дека најголема лага на Горан Трајковски е ветувањето дека ќе го реши водоснабдувањето на село Ѕвегор, но и дека ќе изгради детско игралиште.
-За жителите на село Габрово Горан трајковски вети и излажа дека ќе го уреди и исчисти МАновсеки ендек,
-За жителите на село Град најголема лага на Горан Трајковски е дека ќе го доуреди локалитетот Тврдина,
-Чистењето на водотеци во село Стамер е една од поголемите лаги на Горан Трајковски за жителите на ова село,
-Жителите на село Вирче се уште раскажуваат за нереализираното ветување за изградба на регулација на Виртечка река во селото, како и за изградбата на детско игралите,
-За жителите на село Тработивиште најголема измама на Горан Трајковски е ветувањето дека ќе го изгради патот до Светите води, но и пуштањето во употреба на селскиот јаз и изградбата на детско игралиште,
-Во село Разловци се чини лагите на Горан Трајковски се најголеми: Од реконструкција на патот на влезот во селото, отварање на кујна за стари и изнемоштени лица, реконструкција на училишната зграда и решавање на проблемот со дивите депонии,
-За жителите на село Бигла Горан Трајковски излажа дека ќе ги реконструира селските водоводи,
-За жителите на Стар и Нов Истевник излажал дека ќе ја санира каптажата во село Стар Истевник.
ОД СЕТО ОВА ДО СЕГА АРГУМЕНТИРАНО МОЖАМ ДА ЗАКЛУЧАМ ДЕКА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ СВОЈАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА СО КОЈА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ДЕЛЧЕВЧАНИ ВО 2017 ГОДИНА ЈА ИМА РЕАЛИЗИРАНО ПОМАЛКУ ОД 20%
Горан Трајковски на неодамна одржаната партиска трибина во центарот на Делчево ИЗЛАЖА дека ги има реализирано сите капитални проекти и излажа дека има реализирано 84% од својата програма со која ја добил довербата на граѓаните.
УЛОГАТА НА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ВО АГИТАЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Една од најштетните улоги кои што Горан Трајковски ја имаше како градоначалник на (декларативно) СИТЕ граѓани на Делчево е неговото учество во партиската кампања на Зоран Заев за агитација на делчевчни за промена на името на Република Македонија пред неуспешниот Референдум на 30 септември 2018 година.
На т.н. трибина “За Европска Македонија” Горан Трајковски агитираше јавно дека наводно ќе биде добро ако делчевчани излезат да гласаат со ЗА на Референдумот затоа што со така ќе почнеле младите да се враќаат во родниот крај а оние кои што не заминале, овде ќе ја гледале нивната иднина според тогашните зборово на Горан Трајковски.
Дополнително според лични сведоштва кои дојдоа до мене, преку свои послушници Горан Трајковски вршел притисок на вработените на општинската администрација да излезат за да гласаат на референдумот за да биде постигнат цензусот на истиот особено во попладневните часови кога беше јасно дека референдумот нема да успее.
Ниту младите се вратија, баш напротив се поизразено заминуваат, ниту Делчево и Македонија се отворија за нови пазари а Македонија е уште подалеку од членство во ЕУ со дополнителни барања за отстапки на штета на Македонскиот национален идентитет.
Оваа негова лага е толку голема што искрено не верувам дека Горан Трајковски ја сваќа суштината и негативните реперкусии на искажаните зборови, за иднината на Делчево.
УЛОГАТА НА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ВО ПРЕЌУТУВАЊЕТО НА МОЖНИТЕ ИНДИЦИИ ЗА КРИМИНАЛ ВО РАБОТАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПОД НЕГОВА КОНТРОЛА
Во изминатите години од страна на граѓани како и на членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Горан Трајковски во огромен број пати беше повикуван да се произнесе во врска со можни злоупотреби на локалните институции кои што се под негова ингеренција. Сите тие прозивки Горан Трајковски “мудро” ги одмолче. Молчеа и останатите надлежни институции.
Од тие причини потребно е ослободување на институциите на власт во Делчево од канџите на актуелните политички моќници, со што овие индиции ќе добијат своја разрешница во брза иднина.
За крај на овој мој поопштирен текст уште еднаш би го повикал Градоначалникот Горан Трајковски доколку има нешто како контрааргумент на овие мои изнесени тврдења и тези во оваа моја мала анализа на неговото работење, да се придружи на една отворана јавна дебата на која ќе може да присуствуваат заинтересирани медиуми во Спомен Домот АСНОМ на која би продискутирале како за напишаното така и за сите останати теми во рамки на делокругот на неговата јавна работа.
Граѓаните на Делчево заслужуваат подобро, а патот кон развојот е послан со посочување кон грешките од минатото.
Пишува: Кирчо Анастасов




















СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст