БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов мега проект за населбата Милково брдо во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во населбата Милково Брдо во Делчево меѓу другите позначајни проекти, најави реализација на нов мега проект за жителите на оваа населба. Станува збор за уредување на цела една огромна површина на една од највисоката средишна кота на населбата која што стои од памтивек неуредена, иако според постојниот урбанистички план овде се застапени повеќе содржини кои треба значително да го подобрат животот на жителите на Милково Брдо.

Од обраќањето пред присутните граѓани на неговиот митинг, Д-р Николчо Стојменовски соопшти дека станува збор за голема парковска површина, со многу партерни содржини и урбана опрема за сите генерации делчевчани, каде ќе биде изградена нова црква и нова детска градинка.

Овој простор од памтивек стои див и неуреден иако се наоѓа во средиштето на самата населба а со реализацијата на овој проект самата населба ќе добие нов квалитет за живеење и секојдневни активности.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вака планираната детска градинка во населбата Милково Брдо ќе биде огромно олеснување на жителите на самата населба кои доколку има место за нивните деца да бидат сместени во постојната градинка, мораат секое утро со долги редици чекање и сообраќаен метеж пред постојната градинка да го започнуваат својот работен ден.

Со оваа нова градинка предвидена во програмата на Д-р Николчо Стојменовски ќе се подобрат услугите за предшколско воспитување и нега на најмладите деца, пред се од населбата Милково Брдо и ќе се зголеми капацитетот на прием на деца во предучилишно образование од постојните лимитирани ресурси.

Ова е прва детска градинка предвидена во програмата на Д-р Стојменовски, која заедно со онаа што планира да ја реализира во населбата Стар Расадник ќе бидат вкупно две на број, што е за првпат ваква дефинирана понуда пред делчевчани која е целосно фокусирана на реалните потреби на општината.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace