Вечерва на координативната средба со членовите на Левица во Делчево пред локалната канцеларија на оваа политичка партија зборуваше пратеникот Борислав Крмов од Македонскиот парламент.
Тој пред присутните зборуваше кратко за минатите активности на локалниот огранок на Левица во Делчево и соопшти дека придонесот на локалниот огранок на Левица во Длечево за минатите парламентарни избори бил особено важен затоа што за влезот на Борислав Крмов во Македонскиот парламент пресудувале стотици гласови.
Крмов во својот говор ја истакна намерата на Левица борбата која што тој и Димитар Апасиев ја водат во парламентот од законодавниот дом да се преслика во советите на општините ширум државата. Со влезот на Левица во советите на општините според Крмов ќе се спречи криминогеноста на општините која што е во моментот присутна особено при носењето на ДУП-овите.
Тој меѓу другото ги охрабри присутните членови на партијата Левица да се заложат во претстојниот период за успех на локалните избори кои што претстојат.
Целиот говор на пратеникот Борислав Крмов од Левица може да го погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово