БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Законите и правилата треба да важат за сите во Карбинци, не смее да има привилегирани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Узурпација на сијалично место од јавното осветлување во приватен двор во село Калузлија, општина Карбинци е причина за напад врз обидите на градоначалникот Виктор Паунов да стави ред во функционирањето на јавното осветлување во општината.

По невремето кое што го зафати селото Калузлија во текот на претходните неколку денови, беше причинето оштетување на дел од електричната линија која што го опслужува јавното осветлување кон селото Калузлија во општина Карбинци. Надлежната служба веднаш реагирала на терен за санација на состојбата но притоа на терен било воочено дека дел од уличното осветлување се користи на приватен имот, надвор од сите законски норми кои ја регулираат ваквата материја токму на таа делница каде настанало оштетувањето од невремето. Надлежните стручни служби ја регулирале злоупотребата со тоа што го отстраниле сијаличното место, без никакви последици по лицата кои што го користеле уличното осветлување во приватниот имот.

Со цел за подобрување на функционалноста на уличното осветлување на јавните површини во околниот простор, дополнително градоначалникот Виктор Паунов заедно со стручната служба предвиделе нови интервенции во наредниот период за жителите кои гравитираат во тој дел да добијат јавно улично осветлување на јавните површини каде што има потреба за тоа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата постапка на надлежните служби предизвикала отпор кај две лица кои што за регионална телевизија го прозваа градоначалникот дека го укинал сијаличното место кое што од виде прилогот се гледа дека е на приватен имот. Но и покрај тоа градоначалникот согласно своите јавно декларирани определби, апелира на почитување на законски предвидените рамки во интерес на сите граѓани кои плаќаат улично осветлување за користење на истото на јавни површини онаму каде што е тоа потребно.

Извор: Општина Карбинци

Креирано од:


Пренеси го гласот