Во првото свое гостување во емисијата “Само интервју” на Канал 5 ТВ пред 6 месеци премиерот Димитар Ковачевски изјави дека неговата влада ќе владее 12 години.
На прашањето од водителот на интервјуто дали се уште стои на ваквиот став Димитар Ковачевски соопшти дека врз основа на перформансите кои ги покажала оваа влада во поглед на спроведувањето на политики во претходниот период, премиерот Ковачевски изрази убедување дека граѓаните на оваа влада ќе и доверат уште мандати за владеење.
Дали ваквата самодоверба на премиерот Ковачевски е базирана на реална моментална поддршка од граѓаните или пак станува збор за постоење или непостоење на поддршка од некој друг центар на моќ, останува да видиме во периодот кој следува. Притоа се наметнува прашањето ако е толку убеден дека владата која ја предводи спроведува успешни политики кои ги исполнуваат очекувањата и потребите на граѓаните, зошто не спроведе предвремени парламентарни избори за да ги отстрани обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека актуелната влада ја турка Македонија незапирливо кон бездна?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина