Денеска на пригоден настан за информирање на јавноста се означи стартот на имплементација на проектот за Eлектрификација, оградување и поставување на туристичката сигнализација на археолошки локалитет Баргала финансиран од Биро за регионален развој преку Центарот за источно плански регион и Општина Карбинци.
Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во присуство на директорката на Центарот за развој на источниот плански регион на прес конференција го истакнаа големото значење за развојот на туризмот во општината Карбинци но и во поширокиот регион од реализацијата на овој проект.
“На денешната средба со претставници од Центарот за источно плански регион и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, го официјализиравме започнувањето на реализацијата на проектот “Eлектрификација, оградување и поставување на туристичката сигнализација на археолошки локалитет Баргала” финансиран од Биро за регионален развој преку Центарот за источно плански регион и Општина Карбинци.
Ние продолжуваме да бидеме, како и секогаш, во поддршка на промоција и развој на вистинската култура и уметност. “
-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!