БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова место во Три Чешми, штипско беше грдо петно, сега модерно спортско игралиште. Промените се чувствуваат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Штип беше свечено пуштено во употреба новото спортско мултинаменско игралиште.

Во населбата Три Чешмизаврши целосната реконструкција на спортскиот терен како и рехабилитација на целиот јавен простор со нова урбана и спортска опрема, изградба на нови пешачки патеки, поставување на нова современа подлога на теренот, ограда, јавно осветлување….

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов кој присуствуваше на лице место заедно со големиот број на млади луѓе, спортисти и рекреативци, очигледно беше задоволен од постигнатото кој што екипите на ЈП “Стипион” и останатите ангажирани лица го постигнаа во реализацијата на овој преубав проект. Граѓаните од сите генерации ќе имаат ново место за релаксација, одмор и спортување а локалните власти уште еден реализиран проект во прилог на исполнување на визијата и политичките определби на градоначалникот Иван Јорданов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во оваа прилика за јавноста во Штип но и како пример за останатите општини во регионот, градоначалникот Јорданов најави реализација на спортска инфраструктура за секоја населба во општината.

“Населбата Три Чешми доби нов модерен, целосно осветлен и ограден спортски терен со специјализирана тартан подлога. Во наредните неколку години секоја населба ќе добие нова современа спортска инфраструктура, на која ќе рекреираат и спортуваат нашите сограѓани.”

-соопшти Градоначалникот Иван Јорданов во оваа прилика.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace