БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Суштината на проблемите на Македонија е Договорот со Бугарија кој е ставен на референдум

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното свое гостување во емисијата “Што не е јасно” на АЛФА ТВ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за претстојниот референдум, како и манипулациите лиферувани од одредени центри под влијание на поединци во власта на кои не им одговара успешен референдум само и единствено заради зачувување на нивните функции и моќ на грбот на граѓаните.

На почетокот Николоски објасни зошто токму договорот за т.н. добрососедство и соработка со Бугарија кој што го потпиша Зоран Заев во 2017 година се таргетира со иницијативата за референдум за негово поништување.

Според Николоски кој го пренесува официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ дефиниран врз основа на подолга и широка внатрепартиска дискусија суштината на проблемите на МАкедонија лежи токму во овој договор со кој што против волјата на мнозинството граѓани истиот е потпишан и генерира цел евроинтегративен процес на државата да биде уценет од страна на Бугарија со мерки и одлуки кои значат бугаризација на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наспроти ваквата суштина на проблемите на Македонија од поедини центри под влијание на актуелни поединци во власта во јавноста се манипулира со половични вистини со цел да се креира лажна перцепција која треба да резултира на крај со отпор на граѓаните кон референдумот.

Во услови на општа нестабилност на државата оптеретена со лошите владини политики кои го создадоа овој ќорсокак на Македонија која за да продолжи по својот евроинтегративен пат да треба да се бугаризира, ваквите центри на пропаганда одработувајки свесно или несвесно за неколкумина властодршци во врвот на државата, работат за девалвација на референдумот чија што успешност ќе значи опстанок на Македонскиот идентитет и воопшто континуитет на Македонското постоење.

Целиот разговор со Потпретседателот Александар Николоски може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace