БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ѓорѓе Иванов со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 8. Септември 1991 година го оствариме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и сувереноста на Република Македонија им се оддолживме на нашите предци и се обврзавме кон нашите потомци.

Прогласувајќи независност, изменивме многу планови. Со тоа се изложивме на неизвесноста да бидеме исклучок од многу правила. Слободата ја постигнавме, но правдата ни беше ускратувана. Патот до меѓународното признавање, беше, а и сѐ уште е исполнет со двојни стандарди, негирања и блокади. Како држава и општество бевме, а и сега сме обесправени.

Но, мораме да се бориме за правата што сами по себе ни следуваат – правото на самоопределување, човечко достоинство и просперитет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сплотени и единствени мора да продолжиме да работиме на изградба на просперитетна, богата и силна Република Македонија. Да градиме држава во која решенијата ќе се носат внимателно и мудро.

Одлуките донесени на овој историски референдум што ја дефинираше самостојноста и сувереноста на Република Македонија беа, и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace