Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Замина Зоран Т. Поповиќ- великан на српската и светската сатира

Пренеси го гласот

Денеска во Панчево, Србија почина големиот српски афористичар Зоран Т. Поповиќ

Роден е во 1957 година во Сомбор, но голем дел од својот творечки живот го помина во Панчево. Зоран Т. Поповиќ е добитник на првата награда на Првиот југословенски фестивал на афоризми во 1990 година во Приједор.

Добитник е на многу награди за својата творечка дејност во Србија а неговото творештво е преведувано на англиски, полски, руски, шпански, бугарски, Македонски, германски, унгарски и словенечки јазик.

Неговите афоризми се застапени во голем број на српски и странски зборници на афоризми и антологии.

Objavio je više knjiga aforizama:

  • Organizovano rasulo (1994);
  • Kad porastem biću veliki, aforizmi za decu (1997); Periodični obračun (1999);
  • Aforizmi i druge priče (2002);
  • Spojeni sudovi (2004);
  • Kad porastem biću veliki, aforizmi za decu (2005) (drugo dopunjeno i prošireno izdanje);
  • Odabrani aforizmi (2009);
  • Glavom bez obzira (2010).
  • „Daće bog, ako bog da“ (2015)

Добитник е на Ноемвриската награда во 2011 година која што ја доделува градот Панчево од областа на културата.

Македонскиот афористичар Васил Толевски на својот фејсбук профил ја соопшти тажната вест за смртта на српскиот афористичар Зоран Т. Поповиќ.

“Не напушти уште еден великан од балканската и светска сатира, нам толку мил и коректен другар, Зоран Т. Поповиќ (1957-2022). Веста за неговата ненадејна смрт, која ни ја дојави Александар Чотриќ, ме затекна со неговата книга во моите раце (Дојдов, видов, побегнав). Правев селекција на неговите афоризми за електронскиот весник, Балканиум. Вечна слава Зоране.

Нема повеќе залудно да гинеме.
Ама, ќе најдеме некоја друга причина.

Во нашите редови нема дезертери.
Сите ги стрелавме.

Во војната му ја убија цела фамилија.
Фамилијата секогаш е на првото место.

Каква свеќа?! Палеше тој и цели цркви.
Залегнавме за нашата работа.

Сите сме во рововите.
Србите и Хрватите секогаш беа браќа,

на еден специфичен балкански начин.
Ги прекршија обичаите и правилата на војување.

Никого не убија.
Не се враќам во историјата.

Што беше, ќе биде.
Сите наши револуции се обоени. Со крв.

Првин вербално се препукувавме,
а потоа поминавме од зборови на дела.”

-напиша на фејсбук Васил Толевски во прилог на избор на неколку афоризми на Зоран Т. Поповиќ.

Креирано од:


Пренеси го гласот