Синоќа, 7 Септември по повод денот на ослободувањето на Кочани, со почеток во 19:00 часот во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани.
На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период, а беа доделени и највисоките општински награди.
Според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани, наградата за животно дело постхумно е доделена на Киро Герасимов, новинар, поет, публицист и преведувач кој остави видливи траги во Кочани и пошироко.
Во знак на признание за придонесот во развојот на Општина Кочани, наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани се додели на Амфенол Технолоџи Македонија.
На свечената седница градоначалникот им врачи благодарници и на Павле Никола Стојков, учесник во Народноослободителната борба на македонскиот народ и Доброволното противпожарно друштво Кочани, за јакнење на волонтерството и за поддршката на локалната заедница во справување со елементарните непогоди.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа