БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Живее Македонската традиција во Истибања, виничко. Најава за 37 меѓународен фестивал “Истибањско здравоживо”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонската традиција, фолклор и култура како основни столбови на Македонскиот национален идентитет имаат достоинствен и горд репрезент во фолклорниот ансамбл “Китка” од село Истибања во Виница.

И оваа година од 9-ти до 15 септември, традиционално по 37 пат ансамблот е домаќин- организатор на еден од најголемите фолклорни фестивали во Брегалничкиот регион -Меѓународниот Фолклорен Фестивал “Истибањско Здравоживо”,

На овогодишниот фестивал во Истибања ќе се претстават десет репрезентативни фолклорни ансамбли со над 600 учесници, а особено за афирмација е повеќедневниот карактер на фестивалот кој во рамки на цели шест денови ќе пулсира во духот на традицијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа година главен покровител на фестивалот е градоначалникот на општина Виница г-динот Миле Петков, со поддршка на ЕЛС Виница.

“Оваа година од 09 до 15 септември ќе се одржи 37-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ на кој учество ќе земаат 8 ансамбли од светот и 10 фолклорни ансамбли од Македонија, со над 600-тини фолклористи.
Ве покануваме да присуствувате:

➡️ 10.09.2022 (Сабота) од 16:00 ч. На големото фолклорно дефиле во с.Истибања, отварањето на фестивалот и концертен настап.
➡️ 11.09.2022 (Недела) од 17:00 ч. Танци на народите на плоштад „Ангел Винички.“
➡️ 14.09.2022 (Среда) од 16:00 ч. Фолклорно дефиле во Виница, гала концерт на плоштад „Ангел Винички“ и затворање на фестивалот.”

-соопштија од кабинетот на градоначалникот Петков во врска со настанот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace