Македонската традиција, фолклор и култура како основни столбови на Македонскиот национален идентитет имаат достоинствен и горд репрезент во фолклорниот ансамбл “Китка” од село Истибања во Виница.
И оваа година од 9-ти до 15 септември, традиционално по 37 пат ансамблот е домаќин- организатор на еден од најголемите фолклорни фестивали во Брегалничкиот регион -Меѓународниот Фолклорен Фестивал “Истибањско Здравоживо”,
На овогодишниот фестивал во Истибања ќе се претстават десет репрезентативни фолклорни ансамбли со над 600 учесници, а особено за афирмација е повеќедневниот карактер на фестивалот кој во рамки на цели шест денови ќе пулсира во духот на традицијата.
Оваа година главен покровител на фестивалот е градоначалникот на општина Виница г-динот Миле Петков, со поддршка на ЕЛС Виница.
“Оваа година од 09 до 15 септември ќе се одржи 37-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ на кој учество ќе земаат 8 ансамбли од светот и 10 фолклорни ансамбли од Македонија, со над 600-тини фолклористи.
Ве покануваме да присуствувате:
10.09.2022 (Сабота) од 16:00 ч. На големото фолклорно дефиле во с.Истибања, отварањето на фестивалот и концертен настап.
11.09.2022 (Недела) од 17:00 ч. Танци на народите на плоштад „Ангел Винички.“
14.09.2022 (Среда) од 16:00 ч. Фолклорно дефиле во Виница, гала концерт на плоштад „Ангел Винички“ и затворање на фестивалот.”
-соопштија од кабинетот на градоначалникот Петков во врска со настанот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа