Канцеларијата Македонец за Македонец им го честита празникот на сите Македонци и граѓани на Република Македонија,во земјава и низ светот.
На денешен ден,пред 31 година,Македонците,Албанците,Турците,Србите,Ромите,Власите и сите останатите граѓани, каде што излезеност беше 75,74 % ,на референдум се изјаснија за независна,самостојна и суверена Македонија.
Овој ден сите нас не подсетува и силно врзува,да ја чуваме нашата Македонија,како Аманет од генерациите кои дадоа многу жртви за ние и следните генерации да живееме во слободна и демократска Држава.

Ние сеуште се бориме за таа слобода и највисок предизвик во следните години и највисок Патриотизам е да изградиме свест кај секој еден човек кој што се чувствува Македонец,да допринесе кон таа полна слобода и просперитет на Македонија .
За многу години нека е! Честит Празник Македонци!
Честит празник Македонијо!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!