Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија преку проект финансиран од Владата на Швајцарија, Јавното претпријатие “Национални Шуми” Скопје за своите подружници на Осоговските планини и заштитениот предел “Малешево” ќе добие нови возила и лична опрема за користење.
За таа цел утре на 7 Октомври 2022 година во Инфо центарот Пониква со почеток во 12.00 часот ќе се реализира пригоден настан за промоција на доделените технички сретства за ЈП “Национални Шуми” – Скопје кое што е управувач со заштитените подрачја Заштитен Предел “Осоговски Планини” и Заштитен Предел “Малешево”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево