БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски ја осуди провокацијата со отварањето на клубот “Цар Борис III” во Охрид и повика на мирен протест

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во одговор на новинарско прашање поврзано со најавеното утрешно отварање на клуб на бугарскиот цар Борис III во Охрид, денеска од Бутел каде што присуствуваше на започнување на изградбата на нова детска градинка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го осуди ваквиот чин и ги повика сите граѓани да се спротивстават преку правото на мирен протест.

“Во Охрид треба да се протестира, но тоа да биде демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го поддржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се оттргне вниманието од кризата и инфлацијата“,

-соопшти Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање од настанот во скопската општина Бутел.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace