Расфрлани ѓубришта, диви депонии на расфрлан комунален смет на повеќе локации низ Делчево, веќе стана редовна слика од секојдневието на делчевчани.
И покрај големиот број на реакции на граѓаните во изминатиот период, како и реакциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, овие грди слики на нехигиена станаа препознатлив белег за општината.
за ваквата лоша состојба уште еднаш своја реакција во јавноста упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ чиј текст го пренесуваме во целост во продолжение:
“
За ваква ли услуга уредно си плаќаат граѓаните на Општина Делчево![]()
Зарем за ваква услуга ги покачивте неколку пати под најразлични форми сметките кои ги добиваат граѓаните на Општина Делчево од ЈКП”Брегалница”![]()
Прашања на кои треба да одговорат Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и директорот на ЈКП”Брегалница” Делчево Стојче Стојковски, како директни виновници за нередот и нехигиената во Општина Делчево![]()
Прашања на кои треба да им одговорат на граѓаните на Општина Делчево кои што реагираат до Нас
“
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили