БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево и Македонска Каменица гласаат 222 болни и изнемоштени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Делчево денеска гласаат 189 болни и изнемоштени лица. Како што инфрмираше претседателот на ОИК, Владимир Петревски, материјалот е доставен до сите 36 избирачки одбори и гласањето по домовите на пријавените лица се одвива непречено.

Во Делчево утре на денот на изборите, според Избирачкиот список, право на глас имаат 15.020 гласачи, а ќе се гласа на 36 избирачки места.

Во Македонска Каменица денеска гласаат 33 болни и изнемоштени и тројца затвореници. Претседателот на ОИК М. Каменица, Сања Митревска, истакна дека вкупно има запишани 6.754 гласачи, а изборниот процес ќе се одвива на 17 избирачки места. Првиот ден од гласањето на болните и изнемоштените се одвива без проблеми, истакна Митревска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace