Директорот на Клиничка болница-Штип, а воедно и носител на советничката листа на СДСМ и коалициските партнери, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција објави дека се откажува од советничкиот мандат во Советот на Општина Штип. Тој истакна дека изминатите денови од советниците од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека тој седи на две столчиња и има судир на интереси со извршување на овие две функции.
– Мојот мандат е верификуван на 6 ноември 2017 година. Некој што сака да крши закони и да „седи на две столици“ не може три дена претходно самиот да бара мислење од антикорупциска комисија. Значи дијаметрално спротивни се ставовите дали јас имам судир на интереси или не. Единствена институција, која што може да го потврди тоа е државната Комисија за спречување на корупција, рече Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека на почетокот на месецов поднел писмено барање до Комисијата за спречување на корупција за одговор на прашањето дали ќе има судир на интереси доколку истовремено ги извршува двете функции.
– До денешен ден, одговорно тврдам, дека немам добиено никаков одговор од антикорупциска комисија, вели Ѓеорѓијев.
На следната седница на Советот на Општина Штип откако Ѓеорѓијев си поднесе оставка од советничката функција ќе биде верификуван мандатот на Соња Нацева, која е 13 та на советничката листа на СДСМ и колицините партнери.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week