БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Николоски: Договорот за промена на уставот бил одамна направан на 250 км јужно од Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во вечерашната емисија “60 минути” на Алфа ТВ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во разговор во студиото со новинарот Горан Момироски изнесе повеќе ексклузивни информации во врска со изминатите но и актуелните случувања за и околу потпишувањето на Договорот за промена на Уставот на Република Македонија под домионантен притисок и влијание на нашиот јужен сосед Грција и тамошните центри на моќ.

Александар Николоски изрази експлицитно сомневање поткрепено со факти и повеќе информации дека Договорот за промена на Уставот на Република Македонија датира од многу поодамна уште пред формирањето на актуелната Влада на Република Македонија предводена  од Зоран Заев кој бил направен врз основа на контактите кои што Зоран Заев ги имал со Ципрас во тој период преку еден од своите сегашни најдебело платени советници во Владата на Р. Македонија.

Николоски исто така наведе дека целиот период од тие моменти па до моментот на потпишување на Договорот во Преспа, бил период за манипулација и подготвување на јавноста за прифаќање на договорените особено штетни одредби по однос на постоењето на Македонскиот народ и држава со нејзиниот постоен карактер дефиниран во Уставот што е цел на промена со овој договор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ова и за повеќе детаљи околу актуелните политички состојби погледајте го видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace