БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирил Пецаков – Жителите на Стар град во Охрид, не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Без разум и совест во период кога туристичката сезона е започната повторно се поставени рампите во центарот на градот и Горна порта. Градоначалникот Стојаноски веднаш да го поништи донесеното решение, бидејќи ќе трпат станоиздавачите, туристите, угостителите и жителите на Стар град.

Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел дозволи и место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари? Ова е директен удар врз туризмот. Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот?

Свесно ги зголемувате трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид. Го повикуваме градоначалникот Стојаноски секој проект кој како Локална самоуправа сакаат да го спроведат, да се направи сериозна анализа од сите аспекти коишто ќе доведат до издржано решение а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот .

-изјави на денешната прес конференција Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Пецаков додаде дека СДСМ еднаш ја признал грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја пореметило туристичката сезона и начинот на функционирање на жителите на Охрид.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace