Поради безбедносно изведување на планираните боеви активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 30 јули до 24 август, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности.
Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луже, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните.
Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Сите стрелишта и вежбалишта на кои ќе се изведуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани