БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зоран Минов: ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Зоран Минов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Карбинци денеска на одржа прес-конференција на која што кажа дека ќе продолжи со инвестиции за поквалитетна инфраструктура и образование.

„Граѓаните на општина Карбинци заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина.

Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите 4 години, ликот на нашата општина е целосно променет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исполнетите ветувања за изградба на прочистелна станица, зелен пазар, детска градинка, мостови, уредувања на речно корито, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење.

Индустриските зони кои ги направивме веќе ги даваат своите резултати.

Така и ќе продолжиме.

Со новата Програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина.

Во наредниот период, меѓу другото, ќе се посветиме на:
Изградба на клон на детската градинка Кокичиња во село Радање.
Урбано уредување на одводен канал во село Долни Балван.
Изградба и уредување на рекреативно езеро кај археолошки локалитет Баргала.
Изградба на филтер станица на хидросистемот Злетовица со распределени цевководи до постојните резервоари до Таринци, Радање Карбинци, Којзак, Аргулица и Црвуљево.
Изградба на регионален водоводен систем Плачковица со кој ќе се опслужуваат селата Парналија, Ебеплија, Јонузлија, Кепекчелија, Калузлија и Којзак.
Изградба на локални патишта до населените места Калузлија, Ебеплија, Парналија, Кепекчелија, и населбата Вртешка.
Изградба и асфалтирање на преостанатите улици во населените места на општина Карбинци и реконструкција на главните улици, тротоарите осветлување и атмосферска канализација во поголемите места.
Изградба на сточен пазар.
Уредување и геотехничко санирање и стабилизирање на коритото на Којзачка река во село Карбинци како и пејсажно уредување со кеј, велосипедска, пешачка патека и урбана опрема.
Реконструкција на локален пат село Таринци село долни балван по стандарди за магистрален пат и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Почитувани,

Општина Карбинци после еден подолг период на стагнација, започна да бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места.

Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани.

Граѓаните многу добро знаат колку и кога е изградено. Сигурен сум дека граѓаните повторно ќе изберат проекти за развој и просперитет на општина Карбинци!

Сите заедно ќе продолжиме да работиме за Општина Карбинци каква што ја сакаме и заслужуваме“ рече Зоран Минов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace