БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Официјално Благој Бочварски ја превзеде функцијата градоначалник на Општина Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Благој Бочварски од денес официјално ја превзеде функцијата градоначалник на Општина Штип. Во својата прва изјава за медиумите како градоначалник тој изјави:

„Од овој момент влегов во кабинетот на градоначалниот на Општина Штип, ја превземам функцијата, со што од денес и официјално ќе ја обавувам функцијата градоначалник на Општина Штип. Верувам во успешна соработка со целата администрација во општината и  со сите јавни претпријатија. Верувам во успешна соработка со медиумите и со сите граѓани на нашиот град и затоа сум убеден дека  нашиот град конечно ќе тргне напред. Имаме големи убави проекти за нашиот град и сите заедно со дополнителни нови идеи ќе ја зголемуваме, продлабочуваме нашата соработка и програма, за да на крај после четири години бидеме горди за сето она што ќе го направиме за нашиот град“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На примопредавањето на функцијата не се појави претходниот градоначалник Илчо Захариев. На прашањето како го коментира овој потег Бочварски изјави:

„Во цела Македонија се случува примопредавање на демократски начин меѓутоа кај нас ова не е случај. Ќе беше добро да беше присутен и претходниот градоначалник со цел да размениме мислење.  Да бидам запознаен со сите актуелни ситуации во општината, со состојбите на сметката, со сите состојби во јавните претпријатија  и во администрацијата и ќе беше важно тие информации  да ги добијам од прва рака. Но. доколку е таа одлуката на претходниот градоначалник јас не можам ништо повеќе околу таа работа, овде сум со шефот на кабинетот и веднаш после овој настан ќе ги повикам сите раководители на сектори да се видам со нив и директорите на јавните претпријатија да ме запознаат тие со сотојбите во општината за да можеме брзо да стартуваме. Бидејќи има многу проблеми, дел од проблемите веќе ги знаеме, јавното претпријатие Исар не може да земе плата, нема доволно пари на сметката а веќе поминуваат роковите за да се земе плата за минатиот месец“

Бочварски истакна дека се надева на сорабтока со актуелните директори на сите институции бидејќи тие сите заеднички треба да работат во интерес на граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace