Во своето гостување во емисијата “За или Против” пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание од Третата изборна единица Драган Ковачки зборуваше за безбедносните закани кои што демнат над нашата држава.
На почетокот на својот настап пратеникот Ковачки зборуваше за дел од причините за појавата и развојот на безбедносните закани во изминатите неколку години во Македонија, како резултат на неспособноста и погрешното делување на безбедносните институции под контрола на функционери на СДСМ и ДУИ од претходната власт.
Понатаму во своето разлагање на проблематиката Ковачки зборуваше за постоење на остатоци од поранешниот недемократски систем на поранешна Југославија во структурите на безбедносните сили кои што продолжуваат и ден денес да работат и да дејствуваат во сопствен интерес на недемократски и многу често антинароден начин.
Според пратеникот Ковачки станува збор за постоење на удбашки инсталации како во безбедносните структури но и во останатите јавни дејности во сите нивоа на општествена власт во државата.
“Јас сум убеден дека службите ја имаат веќе состојбата под контрола, иако повторувам дека во службите има одредени удбашки инсталации, кои што не се само во службите туку се и надвор во општеството и се обидуваат да имаат влијание внатре и врз општеството меѓутоа и врз одредени делови на политиката, нешто што треба да се пресече, и треба да се сузбие, децидно потврди пратеникот Драган Ковачки кој што е еден од врвните безбедносни умови во државата.
Ковачки потоа продолжи со изнесување на неговите заложби за реформа на безбедносните служби со цел да се ослободи нивната работа која што треба да биде целосно ставена во функција на државата и Македонските граѓани.
“Таквите структури ќе треба да бидат реформирани ќе треба да бидат исчистени од таквите удбашки инсталации, со цел да можат да си ја работат работата за која што се платени. Верувам, убеден сум дека раководствата на службите, знаат и се свесни за одговорноста која им е доверена и очекувам да постапуваат во согласност со законите,”- рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Целата емисија во која што говори и за други важни актуелни прашања може да ја проследите во видеото во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар