БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Наместо службите во времето на претходната власт да гонат безбедносни закани, тие го следеа лидерот на опозицијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето гостување во емисијата “За или Против” која се емитува на ТВ АЛФА пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој што по професија потекнува од безбедносните сили на Република Македонија, зборуваше за повеќе актуелни политички теми кои што го обременуваат ова наше секојдневие како граѓани.

На почетокот од емисијата пратеникот Ковачки го изнесе својот став и сознанија за постоењето и работата на терористички групации во државата кои што беа сузбиени од полицијата во изминатите неколку денови во внимателно планирана и изведена акција на надлежните.

Од страна на поедини структури во државата кои што поради само нивен познат интерес се обидуваа да го минимизираат значењето на оваа полициска акција која заврши со апсења и со лица лишени од слобода, се елемент кои што со ваквото поведение не и носат добро на државата, вели пратеникот Ковачки на почеткот од разговорот во емисијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Сите што се малку поупатени во оваа проблематика знаат дека целта на терористите односно на таквите активности е за да со помалку сретства- ресурси човечки и материјални се постигнат одредени стратешки цели па дури и политички цели. Најчесто се работи за политички цели- кои што ќе влијаат на одредени политички одлуки во понатамошниот тек. Она што јас го знам станува збор за исклучително млади лица кои што се саморадикализирале и станале дел од некоја групација на ИСИС- нешто за кое нашите служби и во изминатиот период имале информации за таквите структури, меѓутоа изостануваше акција,”

-рече Ковачки давајки вовед во самата проблематика која што е од исклучително важен карактер за сите граѓани на Македонија.

“Акција изостануваше затоа што во изминатиот период службите да се занимаваат со тоа што им е работа тие се занимаваат со следење на опозицијата, со следење на лидерот на опозицијата, во тоа време зборувам за г-динот Христијан Мицкоски… се занимаваа со следење на раководството на партијата. Не алармираа не ги идентификуваа потенцијалните опасности кога се издаваа пасоши на секакви атентатори, на лица инволвирани во тешки криминални активности, значи тоа не го правеа службите. Понатаму истите тие служби беа одговорни за издавањето на државјанства односно на пасоши ако сакате дури и на руски шпиуни, лица кои што добија државјанство од нашата држава. Нешто што во изминатиот период беше дамка на целокупниот наш безбеднсен систем, па ако сакате и на државата,”

-вели Драган Ковачки во врска со генезата на проблемот на нарушена безбедност во државата овозможен во голема мера поради неспособноста и неодговорноста на функционерите во безбедносните структури од минатата гарнитура на власт.

“Сега гледаме еден квалитативен исчекор за само 6 месеци, службите организирано идентификувале, превземени се акции од страна на Министерството за внатрешни работи и можеме да видиме дека е постапено по тие информации, што е за поздравување “

-рече пратеникот Ковачки зборувајки за напорите на актуелната власт за борба со тероризмот во МАкедонија.

Целото интервју со пратеникот Драган Ковачки со неговиот домаќин Љупчо Цветановски може да го проследите во видеото во продолжение каде што носителот на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата зборува отворено за повеќе други важни теми од секојдневието во нашата држава:

Креирано од:


Пренеси го гласот