Министерката за образование и наука ги повика сите релевантни и заинтересирани чинители да се вклучат во процесот за донесување на новата Концепција за реформи во гимназиското образование кој што е веќе започнат од страна на службите во Министерството:
“Започнуваме промени во средното гимназиско образование, кое е непроменето цели 20 години!
Заедно со Бирото за развој на образованието изработивме нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование, која треба да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем. Предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците, со цел тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели.
Ги повикувам сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија на Концепцијата, која е достапна на www.bro.gov.mk, а коментарите се доставуваат на javnarasprava@bro.gov.mk, најдоцна до 31.1.2025 година.
Убедена сум дека заедно можеме да создадеме модерно и квалитетно гимназиско образование во најдобар интерес на идните генерации,”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерката за образование и наука Весна Јаневска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар