Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на свој начин ја коментира присутната појава во на денепната пленарна седница во Македонското Собрание. Она што беше видливо за целокупната македонска јавност е дека опозициската СДСМ нема интерес т.е. избегнува да ги поставува своите пратенички прашања преку кои што можат да добијат одговор од извршната власт за било кои теми.
Премиерот Мицкоски и претставниците на владата денеска трпеливо беа во собраниските клупи чекајги што е можно повеќе прашања од пратениците но очигледна незаинтересираност на пратениците од СДСМ за суштински прашања од доменот на работата на владата беше присутна во текот на денешниот ден. Кои се причините за ваквата незаинтересираност на пратениците на СДСМ останува нејасно во јавноста.
За ваквата состојба свој краток коментар преку социјалните мрежи упати пратеникот Никола Мицевски од Штип:
“Опозицијата не сака да поставува пратенички прашања!
И ова се случи во Македонија!
Иако на денешната седница беа присутни претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и владините министри, кој што уредно чекаа да се отпочне со институтот “опозициони пратенички прашања”, опозицијата избегнува и го троши времето предвидено за поставување на пратенички прашања, неколку пати барајќи ,,пауза”.
За секојдневните “обвинувања” за разни отстапки на владата, ова претставуваше одлична можност за да се добијат одговори на сите прашања..
Но за жал, соочувајќи се со опозиција која има за цел да се спаси од одговорност, верувам дека ќе се изнагледаме вакви постапки и во иднина.”
-напиша Мицевски на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист