Од Министерството за Локална самоуправа ги покануваат сите заинтересирани страни на третиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кој ќе се одржи на 03.02.2025 година, понеделник, со почеток во 10 часот, во Младински ресурсен центар (Youth and Community Center) во Гостивар.
“Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.
На настанот ќе присуствуваат и в.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, градоначалници од Полошкиот плански регион, претставници од УНДП, како и претставници од невладини организации.
Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.
Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.
Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност.”
-информираат од Министерството за локална самуправа.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар