БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ни следува голем светски воен конфликт, според изгледот на грбот на Претседателот на САД

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На Светскиот економски форум во Давос само 3 дена откако беше инаугуриран, со видео пренос се обрати Претседателот на САД Доналд Трамп.

На видео преносот зад Трамп беше прикажан грбот на Претседателот на САД кој што се состои од орел кој што во едната канџа држи маслиново гранче кое што е симбол на мирот а во другата канџа држи сноп од стрели. На грбот кој што беше поставен зад Доналд Трамп орелот беше свртен кон канџата која што држи стрели.

Изгледот на грбот на Претседателот на САД се уредува со Извршни наредби.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во 1916 година тогашниот Претседател на САД Вудро Вилсон ја издал Извршната наредба бр. 2390 во која се уредува изгледот на грбот на Претседателот и во која се вели дека погледот на орелот е свртен кон страната на која орелот држи стрели што означува состојба на војна. Само 11 месеци подоцна САД се вклучија во Првата Светска Војна.

Грбот на Претседателот на САД со Извршната наредба 2390 на Претседателот Вудро Вилсон од 1916 година

Во 1945 година Претседателот на САД Хару Труман ја издал Извршната наредба бр. 9646 која де факто ја отповикува претходно издадената Извршна наредба 2390 на Вудро Вилсон. Во Извршната наредба на Хари Труман погледот на орелот на претседателскиот грб е свртен кон канџата која држи маслиново гранче што означува мир.

Вообичајниот изглед на грбот на Претседателот на САД уреден со Извршната наредба бр. 9646 издадена од Претседателот Хари Труман во 1945 година

Три дена по инаугурацијата на Трамп неговото прво појавување на меѓународната сцена е пред претседателскиот печат на кој орелот е свртен кон страната со сноп од стрели.

Ваквата симболика која што е особено важна за Соединетите Американски Држави укажува дека на светот му претстои голем светски воен конфликт а САД повторно ќе играат клучна улога во истиот.

Креирано од:


Пренеси го гласот