Од денеска започна со работа нововоспоставениот Институт за извоз во рамки на работата на Владата и надлежните ресори.
Станува збор за значајна институција која што во институционални рамки ќе овзможи соработка меѓу приватните субјекти и стопанските комори на регионално ниво од што бенефит ќе имаат бизисите и граѓаните.
Во рамки на настанот за одбележување на почетокот на работата на Институтот за извоз свое обраќање во јавноста имаше Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој ги изрази своите силни определби Владата да биде директен и посветен партнер на стопанските субјекти во интерес зна подобрување на економијата во државата.
“Јас се придружувам на ова што го кажа претседателот на Стопанската комора, денеска сме тука да го одбележиме почетокот на работењето на оваа нова институција, Институт за извоз.
Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно. Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека, а и тоа го кажав, во моето обраќање на првиот настан дека, ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари.
Така што, уште еднаш нека е честит денот, нека е за аирлија овој клуб, овој Институт за извоз и следниот пат кога ќе се собереме да имаме нови бројки кои што ќе бидат многу поголеми во насока на извоз и поголеми проценти раст на македонската економија, генерално.”
-рече Премиерот Мицкоски во рамки на обраќањето пред присутните на самиот настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани