БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Графит за Гоце Делчев му засметал на градоначалникот на Берово, па истиот бил префарбан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Денеска е Велики четврток, ден кој во христијанството е симбол на предавството.

Пред само неколку недели, група на млади жители на Берово, направија еден голем чин, го оживееа споменот на четворицата Бранители од Берово со правење на графит со нивните ликови. Тоа беше поздравено од целокупната Беровска јавност.

Но, нели кај нас секоја работа мора да има НО. Истите тие младинци кои се навивачи на Вардар и членови на навивачката група Комити, на самиот графит го нацртале и грбот на навивачката група и еден од нивните слогани “Црната е за тој што жали за Гоцевите идеали”. Од страна на Големиот татко на градот добиле ултиматум слоганот да биде избришан, бидејки бил недоличен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се прашуваме што е тука недолично, дали идеалите или пак Гоце Делчев, а најверојатно за него и двете знаејки од која политичка партија доаѓа и кој е нејзиниот став токму за Гоце.

Па нели тој самиот е истакнат борец против “режимот”, па нели сега сме слободоумно граѓанство кое има слобода и живот за сите, како тоа сега некој да прави цензури и баш тој кој умешно со своите сопартијци со месеци го фарбаше и шкрташе Скопје.

Нејсе, да се навратиме на денешниот празник, баш денес по негова наредба слоганот беше избришан, но и слоганот како пирејот фарбај го, шкртај го тој пак ќе никне. За крај доволни се само зборовите на Исус ” Господе прости им незнаат што прават”, ама народот не простува и знае ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА.”

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace