Општина Кочани и градоначалникот Љупчо Папазов за своите сограѓани од сите возрасти по повод Велигден, реализира повеќедневна свечена и културно-уметничка програма.
“В недела, на 16 април, во рамките на Велигденскиот хепенинг, од 11 ч. ќе се одржат Ротари детски игри; во 12 ч. е „Светот на Биби“; од 16 ч. е настапот на македонски музичари меѓу кои и Тамара Грујевска, Мартинијан Кириловски, Мите Стоилов, Мелани Тарчуловска, Стефан Манасијевиќ, Ана Петановска и Џенгис Мемедовски, а од 20 ч. е настапот на Елена Ристеска.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на општина Кочани.
Овие настани ќе бидат убава можност за дружење на кочанчани во духот на заедништвото и традицијата а по повод еден од најголемите православни христијански празници.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи