Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја алармираше јавноста во врска со состојбата во затворите за која што неодамна беа поднесени кривични пријави против поранешни функционери на СДСМ.
“Дали Сокол работел по насока на СДС, па затоа молчи и Филипче и не смее да се огради?
Се плаши ли СДС и Венко Филипче од Филип Андов Сокол, и тоа што тој може да каже пред органите на прогонот?
Молчат ли СДС и Венко Филипче за криминалот на Сокол затоа што знаеле како партија, и затоа што и сами му давале насоки кого да пушти од затвор, и кои привилегии да ги ужива на слобода, наместо да лежи во ќелија?
Дали молкот во СДС е всушност страв, што се може да каже Сокол? И дали затоа судството под контрола на СДС грчевите се бореше Сокол да не добие притвор, туку да се брани од слобода?
Што знае Сокол, што СДС и Филипче толку ги плаши?
Чии насоки спроведувал Сокол кога шетал криминалци низ Скопје, наместо да ги затвори во ќелија?
СДС да излезе и да каже, или да се огради од Сокол веднаш.”
-рече денеска на прес конференција пратеникот Бране Петрушевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар