По повод 110 годишнината од загинувањето на Македонскиот револуционер Јане Сандански денеска на неговиот гроб оддадоа почит Генералниот секретaр на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски придружуван од Македонските пратеници Драган Ковачки и Никола Мицевски во МАкедонскиот парламент.
“Денес, заедно со пратениците, Драган Ковачки и Никола Мицески ја имаме честа да присуствуваме на Семакедонскиот традиционален собор во спомен на 110 години од убиството на царот на Пиринот- Јане Сандански во Мелник, Пиринска Македонија.
Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава,”
-напиша на социјалните мрежи Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Гоце Делчев
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар