БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Месец дена од трагедијата во Кочани – Владата без никаков реформски закон

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Иако измина повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, на повидок не се никакви системски реформи од страна на владата на Мицкоски, иако тоа беше помпезно најавувано! Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на сите системски аномалии, поради кои дојде до трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”.

Иако премиерот Мицкоски најавуваше законски измени за заострување на условите за добивање лиценца, до Собранието не е поднесено никаков предлог-закон. Токму Мицкоски тврдеше дека со измени од 2007 година на Законот за угостителска дејност, Пазарниот инспекторат не бил законски обврзан да ја провери веродсотојноста на лиценците.Премиерот уште на 18 март најави дека е формирана работна група за да ги подготви измените на Законот за угостителска дејност, но поради инертноста на Владата, дискотеките и понатаму функционираат според старите и лоши законски решенија. 

Понатаму, нема никаква најава за реформа на безбедносниот систем и функционирањето на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), чија нефункционалност излезе на површина после трагедијата во Кочани. Уште пред 3 месеци Тошковски најавуваше измени на 19 системски закони, но и после трагедијата во Кочани, никакви законски измени за подобрување на безбедносниот систем не се доставени до Собранието. 

Ја потсетуваме јавноста дека владејачкото мнозинство одби да гласа за кривична одговорност на судиите, ставајќи се во заштита на корумпираниот правосуден систем поради кои Македонија е обвиена во трагедии. Додека власта на ДПМНЕ е окупирана со јавен линч и демонизирања на секој што ќе изнесе критика против нејзиното работење, Левица поднесува измени на Кривичниот законик за воведување незастарливост на кривични дела сторени од службени лица. Бидејќи владата предводена од Мицкоски е безидејна и нема политичка волја да иницира системски реформи на законите, ги повикуваме да ги поддржат измените на Кривичниот законик кои ги предлага Левица, наместо да ги штитат криминалите на своите функционери на кои им застареа делата. 

-Интегрален текст на соопштение за јавност на политчката партија Левица

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace