БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уставниот суд ја продолжува соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работен состанок со Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

На состанокот се разговараше за идните активности кои Уставниот суд и Мисијата на ОБСЕ во Скопје заеднички ќе ги спроведат, во насока на продолжување на соработката и склучување  нов Меморандум за разбирање. 

Меѓу приоритетите кои Костадиновски ги нагласи е унапредување на транспарентноста преку неколку активности, по претходно испитување на јавното мислење и довербата на граѓаните во Уставниот суд. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претседателот Костадиновски  ја потенцираше важноста од спроведување на стручни обуки за советниците и информираше за потребата од вложување во кадровските капацитети на Судот со крајна цел да се обезбеди поефикасна служба и зголемување на квалитетот на работниот перформанс.

На состанокот се разговараше за организирање на меѓународни конференции на кои ќе бидат споделени компаративни искуства од други држави, за теми важни за уставното судство и унапредување на човековите слободи и права. 

Во изминатите неколку години Мисијата на ОБСЕ во Скопје раководена од Н.Е. Амбасадорот Килиан Вал даде значителна поддршка за Уставниот суд при организирањето на Меѓународната конференција по повод „60 години Уставен суд”, промоција и издавање на Монографија, како и зајакнување на капацитетите на Судот преку обезбедување на соодветни обуки за советниците.  

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace