БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 10 и на 11 јули во Кочанско –  втор третман од земја за заштита од комарци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В четврток,10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

По барање на Општина Кочани, избраниот економски оператор, в петок, 11 јули, ќе изврши рачно третирање против инсекти на локации каде што ќе се одвиваат настани по повод Петровден: СРЦ „Бавчалук“, на зелените површини пред Црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ и во Градскиот парк во Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Креирано од:


Пренеси го гласот