Ништо во Македонија не се случува случајно!
Граѓаните на крајниот исток од државата во регионот Пијанец-Малеш се уште се сеќаваат на катастрофалните пожари во 2021 година кога од територијата на општините Делчево и Берово беа зафатени со пожар кој прерасна во апокалипса.
Спората реакција на тогашните надлежни институции овозможија овој пожар кој се појави на падините на планината Средна да се прошири низ најживописната борова шума на оваа планина која со децении се чуваше од страна на локалното население.
По пожарот кој беснееше околу 10-тна денови изгореа големи блокови на шума а пожарот се закануваше и на неколку населени места во Делчево и Берово.
По оваа апокалипса следуваше безмилосно сечење на изгорената шумска маса од фирми чии што вработени потекнуваа од немакедонско говорно подрачје.
Денес Скопје се соочува со фрекфентна појава на пожари кои се локализираат од страна на надлежните во рамки на еден до максимум два денови, но фреквенцијата на појава на пожарите е толку честа што е крајно сомнително дека станува збор за организирана терористичка акција за ширење на паника и хаос за жителите на главниот град. Чадот од пожарите се гледа од цело Скопје, а распламтените огнени јазици делуваат апокалиптично вечерно време под превезот на мракот.
Кој преку хаос и паника сака да ја дестабилизира државата?!
Дали ова е сценариото кое ДУИ го најавуваше кога уценуваше да влезе во владата на што доби одговор од Премиерот Мицкоски дека ДУИ оди во заслужена опозиција?
Во услови на вакви појави, Македонската јавност а пред се Македонската полиција треба да се запраша КОМУ МУ ОДГОВАРА КРЕИРАЊЕ НА АТМОСФЕРА НА ХАОС И ПАНИКА на граѓаните во Скопје во овие моменти?
Кој профитираше од сечата на дрвната маса во 2021 година во Пијанечко- Малешевскиот крај?
Кој сака да профитира од подметнувањето на пожари околу Скопје денеска?
Ова се клучни прашања кои треба да се постават денеска, а надлежните да дадат одговор на истите!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КОГА ЧЕСНИОТ МОЛЧИ ОД СТРАВ, А НЕЧЕСНИОТ ВЛАДЕЕ СО ГЛАСНОСТ – ВО КАКВО ОПШТЕСТВО ЖИВЕЕМЕ?
КОГА КАРАКТЕРОТ ЌЕ СТАНЕ ПОГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ОД НЕЗНАЕЊЕТО
СРЃАН ВАЉАРЕВИЌ: ЛИРСКИ СТОИК