По повод големиот национален празник Илинден највисока владина делегација на чело со Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одаде почит пред споменикот на Методија Андонов Ченто и учесниците на Првото заседание на АСНОМ.
Премиерот Мицкоски по повод денешниот празник упати и своја видео порака во јавност, како и свои порака преку социјалните мрежи:
“Големиот празник Илинден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.
Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас, држава во којашто ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност.
Овој ден нека нѐ обединува, ова е ден за обединување, да се слави и да ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Св.Илија.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар