БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Приказната „Македонијо во срце те носиме“ продолжува: Сузана Спасовска со моќна порака – „Нека живеј Македонија“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Приказната наречена „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да пулсира во истиот ритамот со уште една моќна изведба – овој пат тоа е безвременската патриотска тема „Нека живеј Македонија“, позната и под оригиналниот назив „Има една земја сонце што ја грее“, сега отпеана од Сузана Спасовска.

Композицијата, чии стихови се длабоко врежани во народната свест и љубовта кон татковината, е дело на реномираниот автор Григор Копров, а првично ја отпеа легендарниот Гоце Николовски во далечната 1986 година. Новата верзија, создадена со врвна музичка продукција од Николче Мицевски, претставува спој на традицијата и современото.

„Има една земја сонце што ја грее,
оди таму, в’ срце земи ја,
слушни вечна песна таму што се пее:
Нека живеј Македонија!“
… се вели во стиховите кои се жив доказ за љубовта што македонскиот народ ја негува кон својата земја и тие не се само зборови, туку вечен завет на припадност, сплотеност и сила.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е повеќе од музика – тој е патриотска мисија, културно будење и звук на националното единство. Под уметничка закрила на Скендеровски продукција, Македонија се бои со најубавите бои – звуците на автентичната македонска песна. Со восхит и почит кон корените, овој проект досега ја пресоздаде емоцијата на некои од најмоќните композиции: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова) и „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски).

„Македонијо, во срце те носиме“ е гласот на народот, инспириран од нашите предци, создаден за генерациите што доаѓаат, мост меѓу времињата, емоции впишани во секој акорд, затоа уживајте во „Нека живеј Македонија“ и гласот на Сузана Спасовска:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace