БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петар Ружински од ВМРО-ДПМНЕ најавува нови стандарди за развој на Берово и Малешевијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од поодамна е познато во јавност името на кандидатот за градоначалник на општина Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е г-динот Петар Ружински кој што по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски и по одлука на Извршниот Комитет на партијата ја доби честа но и одговорноста да биде кандидатот кој што ќе го донесе новото лице на Берово и Малешевијата.

Оваа планинска општина на крајниот исток од државата е можеби најубавата општина по своите природни богатства но и надалеку познатата малешевска гостопримливост и кулинарска магија. Затоа од клучно значење за развојот на општина Берово во наредните 4 години ќе биде изборот на вистинскиот кандидат за градоначалник кој што е најзначајната локална функција од која зависи развојот на општината.

Петар Ружински како силен застапник на интересите на своите сограѓани во Советот на Општина Берово на особено конструктивен начин во изминатите 4 години овозможи импламентација на голем број проекти од локално значење за беровчани. Неговата улога како Претседател на Советот пред се од менаџерски карактер овозможи ефикасно спроведување и реализација на општинските буџети на најдомаќински начин со кој што се постигна максимален ефект пред се како конструктивен продонес за работата на градоначалникот на општина Берово кој што пак е од редовите на СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова негово драгоцено искуство е и тоа како потребно за идната негова функција за која ќе трча на локалните избори како кандидат за градоначалник на Берово.

Иако кампањата се уште официјално не е започната сепак Петар Ружински заедно со неговиот тим на соработници веќе е во интензивна комуникација со сите граѓани на Берово и во сите рурални населени места во општината, пред се со цел за афирмација на вистинските и реалните потреби на беровчани кои што е потребно да бидат исполнети во наредните 4 години.

За таа цел Петар со својот тим на експерти веќе спроведува своја акција насловена како “ТВОЈАТА ИДЕЈА ЗА ПОДОБРО БЕРОВО” со која на систематски и стручен начин ќе бидат прибрани, обработени и понудени за реализација со соодветна финансиска и временска рамка сите предлози и идеи кои што ги тиштат беровчани а поради разни причини до сега не се исполнети.

Токму ваквата определба на Петар Ружински да се зафати со решавање на најупорните проблеми кои што се провлекуваат со децении наназад, говори за еден нов пристап кон третирање на политиката во Берово во функција директно на беровчани.

Ваквиот нов стандард на работа е досега незабележан во Берово во ваква јасно дефинирана форма каде приматот ќе го има секоја идеја, секој предлог и иницијатива без разлика од кој граѓанин на Берово доаѓаат. 💡

Ја започнуваме најважната акција – заедно со вас ја креираме програмата за иднината на нашата општина!

Вашето мислење е клучно. Вашите идеи се наша обврска. Сакаме да ги слушнеме вашите предлози за конкретни проекти кои ќе го направат животот во секое маало и секое село подобар.

✍️ Пополнете ја анкетата на следниот линк и бидете дел од промените:

https://bit.ly/tvoja-ideja

Ве слушаме!”

-стои во објавата на социјалните мрежи на кандидатот за градоначалник на Берово Петар Ружински.

Креирано од:


Пренеси го гласот