Кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски со својот позитивен, препознатлив и ведар карактер упати своја порака преку социјалните мрежи.
Гоцевски на сите кандидати кои што се одважија да поднесат кандидатури на овие локални избори им го честиташе кандидирањето и посака креативна, позитивна и фер кампања.
Порача дека и покрај тоа што ќе победи најдобриот, сепак останатите кандидати не треба да се чувствуваат поразени и дека во идниот развој на Делчево има место за сите.
“Почитувани сограѓани,
на нашето Делчево му претстои убав период. Следуваат локалните избори а со нив ќе може да видиме лепеза на ветувања и понуда на проекти.
Високиот граѓански капацитет на граѓаните на општина Делчево ми укажува дека ќе го избереме најдоброто за нашата општина за наредните 4 години.
Синоќа наполноќ заврши рокот за поднесување на кандидатури за кандидати за градоначалници и советнички листи.
Сакам од се срце да посакам креативна, позитивна и фер кампања на сите кандидати, да биде слушнат сечиј глас и секое мислење.
Честитки на сите кандидати што се одважија да се кандидираат на овие избори, но сепак во оваа трка победува најдобриот. Тоа не значи дека останатите кандидати треба да се чувствуваат поразени.
За секој еден има место во идниот развој на Делчево.
Затоа што нашата општина го заслужува најдоброто.
Нека победи најдобриот.
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Кандидат за градоначалник на Општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето