БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уставниот суд ја продолжува соработката со ИРЗ: Организирана работилница за зајакнување на капацитетите на Судот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Уставниот суд на Република Македонија, во соработка со германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), организира дводневна работилница за советниците на Судот кои работат по предмети. Во фокус е темата за уставната жалба и судската пракса за заштита на човековите права.

Работилницата со воведни обраќања, денеска ја отворија генералниот секретар на Уставниот суд, м-р Виолета Ѓорѓиевска и д-р Штефан Пирнер, раководител на проектот за Западен Балкан во ИРЗ.

Првата сесија е посветена на основите на уставната жалба, со дискусии за нејзината суштина и улога во уставно-судската заштита, како и за германските искуства кои можат да бидат применливи во македонски контекст. Предавачи на оваа тема се д-р Томас Клигел, претседавачки судија во Окружниот суд во Есен и поранешен научен соработник во Сојузниот уставен суд на Германија и д-р Оливер Гајслер, судија во Финансискиот суд на Баден-Виртемберг и поранешен научен соработник во истиот суд.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вториот ден од работилницата предвидено е да го отвори Кевин Маас, раководител на политичкиот оддел во Амбасадата на Германија во Скопје и Кристоф Ниенхаус, проект менаџер во Одделот за Западен Балкан на ИРЗ. Во рамките на сесиите што ќе се одржат, ќе се разгледува судската пракса на Сојузниот уставен суд во Карлсруе од областа на човековите права, со акцент на одлуките кои имаат значење за европскиот правен контекст и нивната примена во националните правни системи. Работилницата се одржува во просториите на Уставниот суд на 15 и 16 септември 2025 година. 

Со оваа работилница, Уставниот суд и ИРЗ ја продолжуваат заедничката мисија за унапредување на стручните капацитети на советниците и зајакнување на уставно-судската заштита на човековите права во Република Македонија.

Оваа активност претставува продолжение на соработката со ИРЗ која веќе се потврди со одржувањето на Регионалната конференција за уставната тужба во Скопје во 2024 година. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace