Старо-новиот градоначалник на општина Карбинци Виктор Паунов денеска го прими уверението од Општинската изборна комисија во Карбинци за избор на градоначалник за наредните 4 години.
Уверенијата за избор на советници исто така беа доделени на советниците во новиот Совет на општина Карбинци.
Преку социјалните мрежи во врска со овој настан свое кратко соопштение во јавноста упати Виктор Паунов кој што продолжува со нови 4 години на градоначалничката функција во општината.
“Денес официјално се доделени и уверенијата за нов мандат за градоначалник и советници на општина Карбинци за 2025-2029 година.
Честитки за ОИК за успешно спроведените локални избори, честитки и за сите избрани советници во овој мандат.
Нашата визија продолжува за проекти и развој на Карбинци, за општина која сите ќе бидеме горди!”
-напиша на социјалните мрежи Виктор Паунов= Градоначалник на Карбинци


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево