Денеска амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортис, ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.
На средбата беше разговарано за актуелната состојба во Кочани, предизвиците со кои се соочува градоначалникот по преземањето на функцијата, како и за состојбата во заедницата девет месеци по трагедијата во „Пулс“.
Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за солидарноста и поддршката што Кралството Шпанија ја покажа во најтешките моменти, особено за згрижувањето и лекувањето на седум повредени лица од трагедијата, кои беа третирани во меѓународно признати шпански центри за лекување изгореници.
Амбасадорот Соријано Ортис ја истакна подготвеноста на Шпанија за натамошна поддршка на Кочани, како во реализацијата на развојни проекти така и преку унапредување на соработката со стопанскиот сектор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември