Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Ѓорче Петров“ во Кочани, деновиве дојде до излевање на вода од пукната водоводна цевка, која поради ниските температури замрзнуваше долж улицата и создаваше отежнати услови за движење. Жителите од овој дел на градот се соочија со проблеми при приодот до своите домови, а минувачите и возачите беа изложени на зголемен ризик при движењето.
Екипи на КЈП „Водовод“ интервенираат на терен, при што го отстрануваат дефектот и ја канализираат водата што истекува, со цел да се спречи понатамошно замрзнување и да се обезбеди безбедно движење по улицата.
На терен, заедно со екипите на „Водовод“, беше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој ја следеше интервенцијата и ја истакна важноста од навремено реагирање на ваквите дефекти, особено во зимски услови, со цел заштита на безбедноста на граѓаните и нормално функционирање на сообраќајот.
Општина Кочани и КЈП „Водовод“ апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека траат интервенциите и настојувањата дефектот да биде целосно саниран што поскоро.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево