Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст![]()
Со вера, храброст и традиција, денеска, во водите на реката Брегалница, во Берово, го чествувавме големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Меѓу бројните учесници, Благој Дујовски, прв го фати светиот крст, симбол на благослов, надеж и духовна сила.
Нека оваа чест, му донесе здравје, радост и успех, а благословот од денешниот ден, да го следи во текот на целата година.
Општина Берово го награди најсреќниот учесник, со вредносен ваучер од 15.000,00 денари, а поддршката и признанието беа збогатени и со награда обезбедена од компанијата ЗЕГИН.
Почит и благодарност до сите учесници и верници, кои со својата одважност, ја продолжија вековната традиција.
На сите граѓани на Берово, им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, празник на верата, духовното прочистување, кога Исус Христос, бил крстен од Свети Јован Крстител, во реката Јордан.
Извор: Петар Ружински градоначалник на Општина Берово


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово