БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Благој Дујовски го извади Светиот крст од водите на река Брегалница во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст✝️

Со вера, храброст и традиција, денеска, во водите на реката Брегалница, во Берово, го чествувавме големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Меѓу бројните учесници, Благој Дујовски, прв го фати светиот крст, симбол на благослов, надеж и духовна сила.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нека оваа чест, му донесе здравје, радост и успех, а благословот од денешниот ден, да го следи во текот на целата година.

Општина Берово го награди најсреќниот учесник, со вредносен ваучер од 15.000,00 денари, а поддршката и признанието беа збогатени и со награда обезбедена од компанијата ЗЕГИН.

Почит и благодарност до сите учесници и верници, кои со својата одважност, ја продолжија вековната традиција.

На сите граѓани на Берово, им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, празник на верата, духовното прочистување, кога Исус Христос, бил крстен од Свети Јован Крстител, во реката Јордан.

Извор: Петар Ружински градоначалник на Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace