БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникото на Виница Митко Костадиновски им честита на сите среќни виничани кои го фатија Светиот Крст на денешниот празник

Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,

По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден.

Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница.

Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба.

Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!

Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:

1.Бојан Колишев- Виница

2.Наум Крстов-Истибања

3.Даниеле Јанчев-Драгобраште

4.Наум Тренчовски-Блатец

5.Андреј Стаменков-Јакимово

6.Христијан Гоцевски-Лески

7.Мартин Велинов-Трсино

8.Валентино Китанов-Пекљани

9.Лука Цеков-Градец

10.Иван Арсов-Липец

Бог се јави!

Навистина се јави!

Извор: Митко Костадиновски – Градоначалник на Општина Виница

Креирано од:


Пренеси го гласот